Драматично на хрватско – словенската граница. Словенската полиција испратила засилување на граничниот премин кај Хармице откако бегалците успеале да ја пробијат границата на хрватската страна пишува Вечерњи лист.
Околу 50-тина специјалци пристигнале на граничниот премин, а бегалците и понатаму пристигнуваат. Инаку, граничниот премин Хармице бил во целосна блокада.
Словенечката полиција им го попречи патот на бегалците
Словенечката интервентна полиција претходно им го попречи патот на стотина бегалци кои се обидоа да ја преминат словенечката граница од селото Хармица, од хрватската страна на границата.
Бегалците го преминувале малиот мост преку реката Сутла на ничија земја, меѓу кои била и една жена со ружа, но патот им бил попречен од страна на кордонот на словенечката интервентна полиција.
Претходно истиот мост но кон хрватската страна, го премина групата словенечки активисти, скандирајќи: „Бегалци, добредојдовте!“.
Во Словенија влегле 1.000 илегални мигранти
Во Словенија од Хрватска до денес попладне илегално влегле околу 1.000 бегалци, пренесуваат словенечките медиуми повикувајќи се на нецелосни информации од полицијата.
Словенечката влада соопшти дека ќе ги прифати барателите на азил, но дека ќе ги депортира сите оние за кои што ќе биде заклучено дека се илегални мигранти.
Асошиејтед прес наведува дека на хрватската гран ица се собрале околу 500 бегалци, а дека од другата страна се распоредени околу 50 припадници на словенечката интервентна полиција.