Драстичен извозен бум од слободните економски зони

Извозот од компаниите во слободните економски зони драстично се зголемува. Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра. Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани, вели за Лидер Виктор Мизо. До крајот на годината според прогнозите на првиот човек на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зон, извозот ќе достигне вредност од над 1 милијарда евра, пишува порталот „Курир“.

– 760 милиони евра извоз од ТИРЗ во 2013

– 1, 2 милијарди евра извоз од ТИРЗ во 2014

Главни двигатели на извозот од Зоните се Џонсон Мети , компанија која во јуни рапидно го зголеми својот извоз , а од септември очекуваа нов извозен бум кога компанијата ќе почне со работа во четвртата линија. Со полн капацитет ќе работат најдоцна до 2016 кога очекуваат извозот да им достигне 900 милиони евра. Во извозот голем удел имаат и Ван Хул, Џонсон Контролс во Штип и американската Кемет електроникс.

„Континуирано се бележи пораст на извозот од слободните економски зони. Како што тече времето се повеќе и повеќе компаниите не само што вработуваат повеќе луѓе туку се зголемува и нивниот обемот на производството на компаниите. А истовремено се зголемува извозот од компаниите кои се надвор од индустриските зони како Дрекслермар, Кромерт и Шуберт и Амфенол кои започнаа со работа надвор од слободните економси зони“, вели за Лидер Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Лани извозот од слободните економски зони опфаќаше 25 % од вкупниот извоз на земјава, годинава може да надмине и 30 %, вели Мизо, а сето тоа води до намалување на тровскиот дефицит, но и нови вработувања. Со зголемувањето на производството ќе се стимулира и вклучување на домашните фирми како добавувачи за странските компании. Освен раст на извозот, од најавените странски инвестиции се очекува да се отворат и многу работни места и да се намали стапката на невработеност во земјава.