Драстично намален бројот на поларни мечки на Арктикот

Бројот на примероци на бела мечка во Бофоровото Море е намален за речиси половина во изминатата деценија, се вели до американско-канадска студија. Во неа се  вели дека е регистрирано драматично зголемување на бројот на младенчиња на тоа диво животно кои умираат од глад.

Научниците како главна причина за намалување на белите мечки го наведуваат топењето на мразот поради глобалното затоплување.

Научници од Американскиот геолошки завод и Канадската агенција за животна средина поставувале чипови на бели мечки во јужното Бофорово Море од 2011 до 2010 година.

Популацијата на бели мечки е намалена во 2010 година на околу 900 од 1.600 примероци на тој вид колку што биле во 2004 година. Јужното Бофорово Море е едно од двете главни американски региони во кои живеат бели мечки.

– Летното ниво на морскиот мраз на Арктикот се намалува од ’70-те години, но неговото топење е забрзано во изминатите 15 години, вели директорот на Националниот американски центар за податоци за мразот, Марк Серез. Тој вели дека 2007 година била „повик за будење“ за научниците, бидејќи нивото на морски мраз е намалено на најниско ниво кое не било очекувано од научниците ниту пак претходно го имале регистрирано. Нивото на морски мраз уште повеќе опаднало во 2013 година, а од тогаш незначително се поправа.

– Дефинитивно постои поврзаност меѓу она што им се случува на белите мечки и она што се случува со мразот, вели Серез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.