Дрецун: Приштина ја успорува имплементацијата на договорот

Претседателот на Одборот за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун изјави дека има многу прашања  кои треба да се отворат за да се нормализираат односите меѓу Србија и Косово. Но, тој додаде дека забележлива е намерата на Приштина за, во имплементацијата на првиот Бриселски договор кој се однесува на формирање на заедниците на српските општини, да го успорува тој процес.

„Клучно прашање е кога ќе биде формирана извршната власт во Приштина и додека тоа не се случи, нема да имаме соговорници на другата страна која ќе биде подготвена да го продолжи процесот на нормализација,“ изјави Дрецун.

Тој додаде дека најголем проблем во тоа е што, ниту самаат ЕУ не ги дефинирала критериумите, ниту се знае како ќе ги постави вистинските прашања за Косово и Метохија  кои произлегуваат од Бриселскиот договор, кога се во прашања скринингот и поглавјето 35.