Дрејк појасни зошто не му се допаднал бакнежот на Мадона

Од бакнежот со раперот Дрејк, Мадона повторно е во центарот на вниманието во светските медиуми, но по се изгледа ништо не излезе онака како што таа очекуваше.

Дрејк, згрозен ја избриша устата, за што пишуваат сите светски таблоиди. Сепак, тој појасни дека нештата не се такви како што изгледаат.

Наводно, Дрејк реагирал на тој начин поради „горчливиот“ вкус на сјајот за усни на Мадона. Наводно, тој уживал во бакнежот на Мадона, но се се случило спонтано.

Сепак, многумина кои малку подобро ги погледнале фотографиите од настапот сфатиле дека Мадона воопшто нема сјај на усните.

Дрејк сакаше да испадне вистински џентлмен, па на Инстаграм објави статус во кој вели дека му била вистинска чест што го бакнала поп-кралицата.