„Дрекселмаер“ ќе вработува лица со инвалидност од Кавадарци

Лицата со инвалидност од Кавадарци ќе се вработуваат во германски Дрекслмаер. Локалните власти откриваат дека во тек се интензивни преговори со компанијата, пренесува ТВ Сител.

Компанијата покажала интерес во производствениот процес да вклучи и лица со посебни потреби.

Локалната самоуправа на Кавадарци ја подобрува и пристапноста до општинските услуги за лицата со телесен инвалидитет. Во соработка со УНДП постави лифт во општинската зграда..

инаку проектите за вклучување на лицата со инвалидност во општественото живеење се реализираат преку центарот за развој на вардарскиот плански регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.