Дрекслер ќе тргне по стапките на Мануел Ноер

Репрезентативецот на Германија, Џулијан Дрекслер го навлече на себе гневот на најверните фанови на Шалке откако без некоја посебна причина изјави дека е можно својата кариера да ја продолжи во редовите на големиот ривал од германската Бундес лига, тимот на Баерн (М).

“Како прво, јас не сакам да ги коментирам шпекулациите околу мојата иднина. Еве за пример ќе го земам Мануел Ноер. Ноер беше убеден и тоа со 100% сигурност дека никогаш нема да го облеже дресот на Баерн (М). Ноер веќе пет сезони е голман на Баерн (М) и сигурно го има променето своето мислење. Јас не знам се што може да се случи за 5, 6, 10 години. Барселона и Реал (М) се најзвучните имиња во фудбалскиот свет, но тоа не значи дека јас сакам уште утре да се преселам на “Ноу Камп” или на “Сантијаго Бернабеу”, изјави 20-годишниот играч за врска.