Дресот со број 7 на Ефес повлечен во чест на Петар Наумоски

Повеќератниот турски кошаркарски шампион Анадолу Ефес (порано Ефес Пилсен) вечерва го повлече дресот со број 7 во чест на македонскиот кошаркар Петар Наумоски.

Тој неколку сезони го носеше дресот на оваа турска екипа и притоа освои четири шампионски титули во Турција исто толку трофеи во турскиот куп и во „Претседателскиот куп“ на Турција, како и еден европски трофеј во Купот Радивое Кораќ. Дресот ќе биде дел од Арената „Абди Ипекчи“, каде досега има обележје само тренерот на оваа екипа од времето кога настапуваше Наумоски, Ајдин Орс.

Наумоски, кој е сега актуелен претседател на Македонската кошаркарска федерација, во текот на денешниот ден покрај тоа што беше гостин на својот поранешен клуб имаше и разговор со претседателот на Турската кошаркарска федерација Хидает Туркоглу, негов соиграч од времето во Ефес.

Свеченоста се одржа на полувремето од натпреварот од Евролигата меѓу Ефес и Армани Милано бидејќи Наумоски две сезони беше и член на италијанскиот тим.

На церемонијата беа присутни и голем број соиграчи на Наумоски од периодот кога го носеше дресот на Ефес Пилсен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.