Дресот на Стојаковиќ повлечен меѓу легендите на Сакраменто

Предраг Стојаковиќ остави неверојатна трага во историјата на Сакраменто Кингс за време не осугодишната кариера во овој тим. Србинот играше осум години (1998-2006) за Кралевите, настапи на 518 натпревари, постигна 1.070 тројки или вкупно 9.498 поени.

За време на неговата кариера во Сакраменто тој беше дел од три Ол Стар натпреварувања од 2002 до 2004 година и два пати го освојуваше натпреварот за три поени.

Иако своевремено Сакраменто играше феноменална кошарка, но тимот не успеа да дојде до шампионскиот трофеј. Стојаковиќ заедно со Дивац, Кристи, Биби и Вебер не можеа да го освојат прстенот, бидејќи за противници во Западната конференција секогаш ги имаа силните Лејкерс. Стојаковиќ евентуално успеа да дојде до шампионскиот прстен, но со екипата на Далас Маверикс во 2011 година.