Древни скулптури пронајдени во бегалски камп во Словенија

Древни скулптури пронајдени во бегалски камп во Словенија
Древни скулптури пронајдени во бегалски камп во Словенија

Во бегалски камп во Словенија се пронајдени три мали скултури од времето на древна Месопотамија, за кои се претпоставува дека се илегално ископани во Сирија или Ирак и потоа прошверцувани од некој од бегалците, кој преку балканската рута пристигнал во земјата, соопшти денеска словенечката полиција.

Портпаролот на полицијата Миран Сади информира дека експерти од Националниот музеј во Љубљана ја потврдиле автентичноста на скулптурите од алабастер, кои најверојатно се изработени 3000 години пред новата ера.

Арехеологот Петер Турк за Радио Словенија изјави дека скултурите веројатно били илегално ископани, бидејќи на нив нема ознака дека се заведени во некој музеј.

Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) лани во септември предупреди дека од археолошки наоѓалишта во Сирија и Ирак се украдени „огромен број“ артефакти, со чија продажба на илегалниот пазар можно е да се финансира џихадистичката група Исламска држава (ИД).