Каква дрога користеле терористите од Париз?

Каква дрога користеле терористите од Париз? Откако во хотелската соба на осомничените терористи во Париз беа најдени шприцеви, се појавија претпоставки дека терористите најверојатно користеле хероин или кокаин.

Истата дрога што била најдена во организмот кај џихадистите што ги извршиле нападите во Тунис била најдена и кај оние во Париз, поради што постои сомнеж дека станува збор за дрога што е многу популарна кај борците на Исламска Држава.

Дрогата најдена во нивниот организам е каптагон, односно фенетилин што припада на групата амфетамини.

По јаката еуфорија доаѓаат во состојба на тешка депресија

Оваа дрога најмногу се користи во светот на велосипедизмот, а во 1960-тата година било докажано дека каптагонот во умерени дози ја подобрува концентрацијата и се препишува за лекување нарколепсија (пореметување на спиењето) и хиперактивноста. Инаку, оваа супстанца на листата на лекови се наоѓа уште од 1986-тата година.

Во собата на терористите биле најдени шприцови и игли
Во собата на терористите биле најдени шприцови и игли

Според биохемичарот Жан Пол Тасин, амфетаминот врз луѓето делува така што пружа чувство на моќ, поради што кога се под дејство на оваа дрога тие се чувствуваат како да се „господари на светот“. Освен тоа, луѓето поради тоа многу често стануваат насилни, но чувствуваат тежок замор, психоза и склони се на брзо менување на однесувањето, односно во секунда од јака еуфорија во состојба на тешка депресија.

Каптагонот првобитно почнал да се произведува во Либан, но во 2011-тата година се преселил во Сирија, во најголем дел во редовите на џихадистите. Тој чини од пет до 20 долари по таблета, но во нивните редови најчесто се менува за оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.