Дрогата „Спајс“ коси ширум Русија

Смртоносна мешавина од билки која е главна состојка на новата дрога со име „Спајс“ е причината за смртта на 20 луѓе во Русија, кои го консумирале овој наркотик.

Оваа дрога предизвикува големи проблеми во Русија, а само во септември биле хоспитализирани стотина луѓе кои ја земале. Таа во организмот се внесува со пушење.

„Спајс“ предизвикува сериозни халуцинации, а најстрашно е тоа што кај корисниците на опојни дроги преовладува мислењето дека таа е безопасна. Оваа дрога не е забранета со закон. Прилично Е евтина и достапна, а една кесичка се продава за 15 американски долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.