Дрогба и Јаја Туре најголеми ѕвезди во конечниот список

Сабри Ламуши, селекторот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска, пред неколку часа го објави конечниот список со 23-фудбалери кои добија шанса да настапат на престојниот Мундијал во Бразил.

Иако постигна 20 погодоци во руската Прва лига и е најзаслужен за освоената шампионска титула, напаѓачот на ЦСКА од Москва, Сеиду Думбиа, најважниот спортски настан во 2014 година ќе го следи од пред малите телевизиски екрани, а покана не доби и напаѓачот на Монако, Ласина Траоре.

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска ќе се натпреварува во групата „Ц”, каде за противник ги има репрезентациите на Колумбија, Јапонија и Грција.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Бари (Локерен), Гбоуо (Севе Спорт), Манде (Стабаек).

ОДБРАНА: Акпа-Акпро (Тулуз), Ауриер (Тулуз), Бамба (Трабзонспор), Бока (Штутгарт), К.Туре (Ливерпул), Закора (Трабзонспор), Виеира (Ризеспор).

СРЕДЕН РЕД: Боли (Фортуна Д.), Џакпа (Ајнтрахт Ф.), Диоманде (Сент Етјен), Градел (Сент Етјен), Тиоте (Њукасл), Ј.Туре (Манчестер С.), Сереи Дие (Базел), Конан (Хановер).

НАПАД: Бони (Свонси), Дрогба (Галатасарај), Жервињо (Рома), Калу (Лил), Сио (Базел).