Дрогба сака да го елиминира Челзи

Далеку поголема неизвесност и борба, од таа на „Сантијаго Бернабеу“, ќе има на реванш 1/8 финалниот дуел помеѓу претставниците на Англија и Турција, Челзи и Галатасарај.

Првата пресметка во Истанбул заврши без победник, 1:1, а за ралзика од гостинот кој има обврска да постигне најмалку еден погодок на гостувањето во Лондон, фудбалерите на Челзи можат да си дозволат и натпревар без погодоци.

„Многу е тешко да се игра против Челзи, но мене нема да ми биде тешко, јас сега сум дел од Галатасарај. Како и секогаш, јас ќе бидам вистински професионалец. Ќе има емоции, знам дека ќе се чуствувам специјално на ’Стемфорд Бриџ’. Јас немам потреба од некакво докажување, се’ што сум направил, сум направил како фудбалер на Челзи. Се’ што сакам е да победам во Лондон и да обезбедам пласман во следната рунда од ЛШ. Јас немам ништо лично против Челзи. Многу го почитувам мојот поранешен клуб, многу ги почитувам клупските челници и најверните фанови и можно е да не се израдувам ако постигнам погодок”, изјави пред натпреварот бомбардерот на Галатасарај, Дидие Дрогба.