Спорт

Дрогба се збогува со фановите на Галатасарај

Дрогба се збогува со фановите на Галатасарај

Капитенот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска, Дидиер Дрогба и официјално стави крај на неговата авантура во дресот на турскиот гигант Галатасарај.

„За Галатасарај секогаш ќе има место во моето срце. Горд сум на фактот дека го носев дресот на овој голем клуб. Не дојдов во Истанбул поради понудените пари. Ако сакав пари, тогаш ќе останев во Кина. Дојдов во Турција за да играм фудбал, да ја почуствувам фудбалската пасија. Среќен сум што ја погодив мрежата на Фенербахче и на Бешикташ. Мислам дека ги израдував најверните фанови на Галатасарај. Поради Снајдер и Мурињо ја прифатив понудата на Галата. Мурињо ми кажа дека ако Снајдер игра за Галата, тогаш станува збор за одличен клуб, за понуда која не се одбива. Среќен сум што ја искористив добиената шанса да играм покрај Снајдер”, изјави Дрогба.