Дрогба вети дека ќе даде гол на Стемфорд Бриџ

Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, Дидиер Дрогба, откри дека му е многу криво што не постигна погодок на првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, каде за противник го имаше поранешниот клуб, Челзи.

“Одиграв еден специјален натпревар. Специјален натпревар против моите поранешни соиграчи. Одличен натпревар и добар резултат за Галатасарај. Челзи и понатаму е фаворит на хартија, но ние покажавме дека сме и повеќе од достоен противник. Сега на ред е реванш дуелот на “Стемфорд Бриџ” и се надевам дека ќе постигнеме позитивен резултат на ова тешко гостување. Не покажав некои големи емоции, ги држев на страна, но имав чуство дека играм некој тренинг натпревар, дека тренирам со моите поранешни соиграчи. Сакав да постигнам погодок, но за среќа има и реванш натпревар”, изјави Дрогба.