Дрогите во Европа се сé поопасни и посмртоносни

Предозирањето со наркотици однесуваат сé повеќе животи во Европа, каде што во оптек се голем број нови супстанции опасни за здравјето, предупредува Европскиот центар за следење на дрогите и завиностите од дроги (EMCDDA) во својот извештај објавен во вторникот.

Консумирањето дроги и натаму е голем предизвик за европските општества, се истакнува во споменатиот извештај, во кој се наведува дека повеќе од 91 милион Европејци, или повеќе од четвртина од лицата на возраст меѓу 15 до 64 години, имале искуства со дроги.

Во Европа и натаму е најпопуларна марихуаната, потоа доаѓа кокаинот, МДМА (активната сусптанција на екстази) и амфетамините (амфетаминот и метамфетаминот).

Во извештајот кој се темели на податоците собирани во периодот меѓу 2015 и 2016 година, на прво место се истакнува сериозниот и загрижувачки пораст на бројот на смртните случаи предизвикани од предозирање во 28-те земји на ЕУ, во Турција и во Норвешка (8.441 смртен случај во 2015-та, што е зголемување од 6 отсто во однос на 2014 година), главно поврзани со хероинот и другите опијати, односно добиени од опиум.

Ценарот, покрај тоа, истакнува дека во земјите како Франција, Данска, Ирска и Хрватска, предозирањето со опијати кои се користат во заменските терапии, главно метадонската, убиваат повеќе од хероинот.

Втора причина за големата загриженост, истакнува EMCDDA, се новите психоактивни супстанции, односно синтетските дроги и производи, кои и натаму се голем предизвик за јавното здравство во Европа, уште повеќе што брзо се заменуваат со нови и продажбата им е сé подобро организирана, во прв ред преку интернет и на илегалниот пазар.

Во EMCDDA се особено загрижени поради новите синтетски дроги со голем удел на активни супстанции кои делуваат како хероинот и морфиумот, а се раширени во Европа и во Северна Америка.

Меѓу нив се фентанилите, многу силни седативи, коишто секоја година однесуваат дестици илјади живот поради предозирања, особено во Северна Америка. Во Европа во врска со оваа супстанција се забележани повеќе од педесет смртни случаи, се констатира на крајот од извештајот.