Дрските лаги на Ременски, Спасовски и Заев (ВИДЕО)

Дрските лаги на Ременски, Спасовски и Заев
Дрските лаги на Ременски, Спасовски и Заев

Новиот министер за внатрешни работи ќе биде лице експерт, лице од струката, лице кое нема да биде партиски препознатливо од СДСМ. Ова се зборовите кои во своите изјави ги имаат дадено Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ и нов министер за внатрешни работи и Фросина Ременски, новоназначениот министер за труд и социјална политика.

Предлогот и изборот на СДСМ за нови министри е во целост спротивно на она што со месеци го изјавуваат овие двајца високопозиционирани членови на опозициската партија.

Па, така наместо лице од струката и човек кој нема да биде препознатливо партиско лице од СДСМ, на чело на Министерството за внатрешни работи застанува генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Во договорот од Пржино се наведува информацијата дека на предлог на СДСМ во консултација со другите партии се избира министерот за внатрешни работи, меѓутоа да не биде препознатливо партиско лице од СДСМ. Има луѓе кои се професионалци, кои ја познаваат работата на МВР, ја познаваат надлежноста, проблемите, кои не се партиски ангажирани. Луѓе од граѓанскиот сектор, изјавува Ременски во интервју за Нова ТВ во септември.

Во своите изјави дадени пред пет дена и пред десет дена, Спасовски смета дека новиот министер за внатрешни тре