ДРСКОСТ И БЕЗОБРАЗНОСТ: Човек аболициран од еден претседател, без да има уставен основ сега му наложува на  друг претседател да му го даде мандатот

Во конкретнава ситуација, ВМРО доби поради тоа што се ослободи од балансот на тој мајски договор, нема повеќе победник со победник, се откажа ДУИ од тоа.  Тоа што Заев го бара од претседателот на државата нема никаква правна заснованост, вели проф. Д-р Саво Климовски во интервју за Сител.
-Доколку сега во вториот, или во кој случај ќе биде вратен мандатот од страна на победничката партија, во конкретниот случај ВМРО и коалицијата, во тој случај може да се даде можност само на нив во одреден период да им се даде да направат влада до оној момент додека оценат дека тоа ќе биде политички контрапродуктивно за нив. Во таква една ситуација, претседателот на државата, иако тоа не е запишано во Уставот може да поабара од пратениците со 61 потпис да дојдат кај него и да му кажат “ние сакаме да го конституираме собранието и имаме мандатар за состав на владат“. Затоа што, во една таква ситуација, за мене нови зибори се неизбежни од две причини. Прво, само тоа ќе ја извади Македонија од уште подлабока политичка криза, нема излез, не само Заев со неговите пратенции, земете ги сите пратеници на албанскиот политички крпус не можат да донесат никаква одлука заснована на нивните програмски определби, вели Климовски.

Според поранешниот претседател на Собранието, Заев повеќе не може да лаже, Заев понатаму не може да кажува приказни дека тоа било засновано на Уставот, па дури и да му дава наредби на претседателот на државата, тоа е дрскост, тоа е безобразност.

-Човек кој што еднаш од еден претседател на држава добил помилување, добил аболиција, аболиран бил, тој сега повторно, да му наложува на друг претседател на држава да му го даде мандатот, а нема уставен основ, значи повторувам нема уставен основ, заклучува Климовски.