Дру Баримор: Сакам да го изменам моето минато

Американската актерка Дру Баримор, првиот филм го сними на седумгодишна возраст, кога се појави во филмот на Стивен Спилберг „Е.Т.“, а сега откри дека мрачната страна на славата ја искусила на 13 години кога станала зависна од кокаин.

Направив многу грешки и би сакала многу од нив да избришам и целосно да го изменам моето минато, изјавила Дру неодамна.

Меѓутоа, славната актерка смета дека сепак имала среќа.

Драго ми е што експериментирав пред интернетот, денеска би поминала многу полошо затоа што за сите мои гревови би се дознало веднаш – Дру Баримор.