Спорт

Друловиќ: Ќе се обидеме да ја прекинеме серијата победи на Словачка

Друловиќ: Ќе се обидеме да ја прекинеме серијата победи на Словачка

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ и репрезентативецот Даниел Мојсов на официјалната прес конференција спроти натпреварот против Словачка од квалификациите за ЕП ги искажаа своите очекувања.

-Јасно е дека не очекува многу тежок натпревар, Словачка е фаворит, но ќе се обидеме да ја прекинеме нивната серија победи во овие квалификации. Сите сме подготвени да го дадеме максимумот, задоволен сум пред се од односот на играчите на тренинзите, се надевам дека ќе го пресликаме тоа и на теренот. Мора да бидеме компактни, да се однесуваме тимски и да бидеме организирани и дисциплинирани. Словачка е исклучително квалитетна, колективно и индивидуално играат одлично.

-Целта во Жилина ќе биде да дадеме гол, за мене во фудбалот постојат само две фази,игра со топка и без топка. Се надевам дека ќе бидеме сконцентрирани во двете фаза. Имаме квалитет и ќе го потврдиме на утрешниот натпревар. Играчите се мотивирани, се надевам дека ќе имаме и среќа, а тоа се заслужува, вели Друловиќ.

Даниел Мојсов смета дека дисципинираната игра и тимскиот дух може да ни донесе позитивен резултат против првопласираниот тим во групата.

-Словачка има максимален ефект по пет натпревари и ја има фаворитската улога на натпреварот. Но, доколку бидеме дисциплинирани на секоја позиција, сметам дека можеме да дојдеме до резултатот кој го бараме. Мора да играме тимски, одбраната почнува од нападот, треба сите да го дадеме својот придонес.

Извор: Курир