Друловиќ: Пандев не е психо-физички подготвен за враќање во репрезентацијата

Друловиќ полека го омекнува ставот на Пандев, но сеуште нема кам-бек на најдобриот македонски фудбалер

Осврнувајќи се на списокот репрезентативци за престојните два квалификациски натпревари против Луксембург и против Шпанија, македонскиот селектор Љубинко Друловиќ како сериозен проблем го потенцираше фактот што дел од фудбалерите не се стандардни за своите екипи, а за добар дел се уште не е почната натпреварувачката активност. Затоа, е одбрано најдоброто во моментов…

Повикавме 21 фудбалер, но има простор за уште еден или двајца да добијат дополнителен повик. Почеток е на сезоната, некои играчи менуваат средина, дел од првенствата не се почнати , па сето тоа можеби создава одредени проблеми. Проблем е и што дел од играчите не играат за своите клубови. Што се однесува до Адеми, и покрај повредата, тој треба да заздрави комплетно во следните 7-8 дена, па очекувам максимално подготвен да го дочека собирот, истакна Друловиќ по соопштувањето на списокот.

На новиот репрезентативен собир ќе има место и за тројца фудбалери на Работнички…

Играчите на Работнички се наметнаа сега со игрите во Европа. Играат одлично и апсолутно заслужија повик, коментира македонскиот селектор.

Друловиќ го искажа својот став во врска со првиот од двата септемвриски натпревари кои следуваат.

Во модерниот фудбал нема слаби противници, и нема лесни победи. Добро го анализиравме Луксембург, ја гледав и средбата на која Македонија победи со 3-2 во Скопје, па сигурно мора да кажам дека е важно да дојдеме до позитивен резултат, вели предводникот на националниот тим.

Приоритет му е првотимскиот статус во Џенова - Пандев засега не се враќа во репрезентацијата
Приоритет му е првотимскиот статус во Џенова – Пандев засега не се враќа во репрезентацијата

Пандев сака да обезбеди стандардно место во Џенова, па да се врати во селекцијата

Имав повторно разговори со Горан Пандев и тој во моментов се уште не е физички и психички подготвен да се врати во репрезентацијата. Сака најпрво да се избори за стандардно место во првиот тим на Џенова, и потоа повторно, како што вели, би се ставил на располагање на националниот тим, истакна Друловиќ.

Процедурата за Матиќ останува заглавена во ФИФА
Процедурата за Матиќ останува заглавена во ФИФА

За Матиќ заглавена процедурата во ФИФА

Околу долго најавуваниот повик за Урош Матиќ од холандска НАЦ Бреда, менаџерот на А репрезентацијата, Саша Ќириќ информира дека има проблеми околу процедурата во ФИФА.

Процедурата околу Матиќ е заглавена во ФИФА, а слично е и со голманот Давид Нилсен Митов од Норчепинг. Има најава дека следната недела ќе има средба на Комисијата во ФИФА, па можеби ќе бидат разрешени некои нешта околу добивањето дозвола за настап во македонската репрезентација, истакна Ќириќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.