Магазин

Друштвото на писатели утре ги доделува наградите на најдобрите за 2014

Друштвото на писатели утре ги доделува наградите на најдобрите за 2014

Утре во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат соопштени добитниците на наградите „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга, „Стале Попов“, за најдобра прозна книга, „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.

Одлуките за наградите ќе ги соопштат претседателите на жири комисиите, а на средбата ќе бидат присутни и добитниците на признанијата.

За доделување на годишните награди на ДПМ решаваа пет жири комисии составени од истакнати критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Вера Чејковска, Трајче Кацаров, Гордана Михаилова Бошнакоска, Блаже Минески, Иван Чаповски, Илија Велев, Мирјана Стојановска, Владимир Мартиновски, Александар Поповски, Виолета Танчева Златева, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Ресул Шабани и Мишел Павловски.

Наградите на ДПМ се доделуваат за најуспешните остварувања од издавачката продукција во 2014 година. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 13 феврураи, на Свечениот собир по повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.