Дружење со финалистите на „X Фактор“ утре во Капитол Мол

Финалистите на шоуто „X Фактор“ утре ќе се дружат со своите фанови во Капитол Мол. Дружбата стартува во 16,00 часот.

Финалистите на Х-ФАКТОР се во Скопје по повод нивниот прв заеднички концерт кој ќе се одржи оваа сабота, а првата дестинација од нивната турнеја е токму Капитол мол, место на кое многубројните фанови ќе имаат можност неколку часови да се дружат и да се фотографираат со ѕвездите на X-FACTOR – солисти и групи.

Шоуто „X Фактор“ очекувано, привлече огромно внимание од публиката и медиумите насекаде во регионот, а особено во Македонија, кое беше крунисано со победата на македонскиот претставник, Даниел Кајмакоски.

Македонската публика ќе има можност да му даде безрезервна поддршка, на сензационалниот концерт, кој ќе се одржи во сабота, во арената Борис Трајковски, со почеток во 21 часот.