Дружете се со ѕвездите од втората сезона на „Танц со ѕвездите“

На 28-ми март петок во Клуб Театро ќе се одржи спектакуларна забава по повод големото финале на втората сезона на најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите“.

„Танц со ѕвездите“ е шоу во вид на натпревар во танцување. Натпреварувачките парови се состојат од позната личност во пар со професионален танчар.

Списокот на познати личности што се имаат натпреварувано во шоуто вклучува професионални спортисти и олимпијци, супермодели, актери, пејачи, астронаути и тинејџерски идоли. Секоја двојка изведува претходно утврдени танци и се натпреварува против другите двојки борејќи се да добие поени од судиите и гласови од публиката. Секоја недела се елиминира оној пар чијшто вкупен учинок од судиските поени и гласовите од публиката е најмал, сè додека не остане само еден пар – шампионскиот.

Не пропуштајте да бидете дел од големата забава со ѕвездите и танчарите од втората сезона на „Танц со ѕвездите“ во Клуб Театро. Влезот е слободен.