среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Со дрвен колец му го пукнале черепот и му скршиле рака

На 03.10.2016 година во 20,45 часот  во ПС-Тетово телефонски било пријавено дека на ул.“Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на угостителски објект е нарушен јавниот ред и мир.

Кривична за учесници во тепачна во Ресен

Кривична за учесници во тепачна во Ресен

Поврзани вести

Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш.(1996) од Тетово и Л.С.(1997) од с.М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале А.И. (1995) од с.Желино, при што му нанеле ТТП во пределот на главата – пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактица. А.И. се упатил во КЦ-Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во УЦ-Скопје. Во 23,45 часот А.Ш. и Л.С. се пронајдени, лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот. По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Најчитани вести