„Дрвени адвокати“ на Сорос и на СДСМ во одбрана на Бејли

Група на поранешни функционери на СДСМ, луѓе спонзорирани од Сорос и луѓе познати по своите про-сдсмовски ставови се потпишаа на т.н. писмо на интелектуалци во кое го бранат Џес Бејли од конгресот на САД, пишува Журнал.нет.

Меѓу потпишаните се наоѓаат не само горенаведените профили добро познати за јавноста како „дрвени адвокати“ на опозицијата и соросови платеници, туку има и поранешни затвореници и шверцери кои решиле да пратат писмо до американските конгресмени и да им се мешаат во нивното право да бараат одговорност од своите амбасадори односно луѓето кои ги праќаат во мисија за да ја претставуваат нивната земја, испитувајќи дали ја извршуваат мисијата доследно или спроведуваат интервенционизам и го нарушуваат суверенитетот на земјата во која се, како и имиџот на Соединетите Американски Држави.

Оние кои ја следат јавната сцена во Македонија за потпишаните велат дека се полу-реализирани и нереализирани луѓе со неоправдана самодоверба кои ја користат секоја можна прилика да го истакнуваат својот интелектуален капацитет како пресуден за судбината на Република Македонија и светот, односно нивните ставови како единствено правични – што не е воопшто карактеристика на интелектуалци.

Дополнително, во писмото до американските конгресмени овие таканаречени интелектуалци до запирка ја пренесуваат потполно бесмислената пропаганда на СДСМ/Сорос и пишуваат дека „беа откриени големи скандали на неовластено прислушување од страна на МВР на сите оние кои поинаку размислуваа.

Тезите на овие пара-интелектуаци на СДСМ и Сорос се дека во Македонија од страна на МВР, како што пишуваат, биле прислушувани неистомисленици на власта, иако 99% од лепените бомби кои ги пушти Заев содржеа разговори на луѓе од власта. Делот со криминалите кои ги имало во бомбите, според зборовите на овие интелектуалци кои во случајот се поставуваат и како обвинители и како судии и како поротници, е посведочен од потполниот крах на СЈО кое за речиси година и половина од своето работење успеа да формира само едно обвинение, итоа за случај кој не се ни случил.

Сепак, и тоа не е рпоблем за овие квази-интелектуалци да пишуваат валканици и потполни измислици за својата држава и за политичките опции кои не им се мили, како што им е мила нивната поранешна или сегашна партија СДСМ, односно спонзорите од Сорос и нивните деструктивни и антидржавни политики во Македонија.

Во писмото тие се спротиставуваат на правото на американските конгресмени да бараат информации од својот амбасадор, нешто што е нивно врвно право. Толку од капацитетот за демократичност на овие умислени луѓе кои се нарекуваат интелектуалци и себеси се сметаат за величини, а во суштина се нетолерантни нереализирани мегафони на ставовите на опозицијата, мислејќи дека доколку СДСМ дојде на власт ќе може да се доберат до појаки функции и да се перчат со својата „интелектуалност“ која тогаш ќе била повеќе ценета отколку сега, период во кој добар дел од нив обвинуваат друг за сопствените неуспеси, неукост и нереализираност во животот.

Меѓу потпишаните во писмото со кое им се спори правото на конгресмените од САД да се информираат за работата на нивниот амбасадор во нашата земја се наоѓаат редовните ппотписници на секое писмо на интелектуалци, односно луѓе кои обожаваат да се декларираат јавно како големи интелекти, како на пример:

Претседателот на соросовиот Хелсиншки комитет Осман Кадриу, членот на управен одбор на СОРОС Мерсел Биљали, Сабаудин Жута, Земри Елези од професорскиот пленум на опозицијата, Ремзи Изаири, Мерсим Максути, соросоидот Аурора Карамети, Ибиш Кадриу, Митасин Беќири, тука е и Самоил Малчевски или човекот кој сакаше да стане министер, а се потпишува како политчики аналитичар бидејќи има фејсбук. Потпишани се и големиот и деклариран поддржувач на Заев Али Муслиу, Исмет Рамадани кој го раководеше соросовиот Евро-атлантски совет на Македонија, како и Висар Адеми, Скендер Рауфи и Џенур Исеини кои се исто така редовни потписници на писмата на т.н. албански интелектуалци кои ги нарачува СДСМ за да ги користи во искривувањето на сликата дека „сите интелектуалци се за СДСМ и против ВМРО-ДПМНЕ“.

На листата на интелектуалци има и „нови“ имиња како еден од основачите на НСДП Милчо Пановски, насилниот професор Љубомир Фрчковски од СДСМ, увозникот на коли, парфеми и фелни од Брисел Нано Ружин исто така од СДСМ, поранешниот естраден уметник денес активист на СДСМ Јове Кекеновски, професорот со нула објавени научни трудови со импакт фактор Борче Давитковски, математичкиот гениј Ѓорѓи Спасов од СДСМ, лустрираниот Ѓорѓи Тоновски и осудениот криминалец Ване Цветанов, пишува Журнал.

Прашање е дали амбасадорот на Америка ужива во поддршката која ја доби од оваа навистина завидна екипа на СДСМ/Соросоиди, кој од кој поголеми експерти и стручњаци, кои решија да ги вразумат дури и американските конгресмени кои се дрзнаа да си ја вршат својата работа и да проверат да се информираат за работата на човекот кој ја претставува нивната земја во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.