Крими хроника

Дрвокрадец фатен на дело – го расекол со пила чуварот

Дрвокрадец фатен на дело – го расекол со пила чуварот

Крадец на дрва бил фатен на дело, и  при обид на чуварот да му ја одземе пилата, го расекол и избегал.

Инцидентот се случил во четвртокот, во 12.30 часот на местото, Кленче во Барбарас.

Двајца чувари на шумата вршеле контрола и го затекнале крадецот со метална пила во рацете. Се обиделе да му ја земат, но крадецот ја фатил пилата со двете раце и почнал да ги влече, при што  едниот чувар се здобил со  повреда на десната рака.

Крадецот продолжил да упатува сериозни закани по што избегал од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.