Дрвокрадец со пушка им се заканувал на чуварите

Триесет и четиригодишниот И.А. од село Селце доби кривична пријава бидејќи спречил службени лица да ја извршат должноста.

На 10. минатиот месец кај местото викано „Караклус“ над Селце во делот на ловиштето „Конечко“ двајца ловочувари се обиделе да извршат контрола над патничко возило натоварено со огревни дрва, а управувано од пријавениот, по што истиот почнал да ги навредува и да им се заканува со ловна пушка.

По преземени мерки одземена е ловната пушка, 29 куршуми, ловечки нож и две радиостаници.