Државата како „брза кујна“

Првата е дека политичарите, кои дадоа лош почeтoк на борбата за самостојна Македонија продолжија да управуваат со државата во 90-те години на минатиот век и во почетокот на новиот милениум. Да управуваат и да ја водат кон катастрофите во 2001 и 2004 година. Ништо повеќе. Тие, нивните родствени и следбеници продолжуваат со антимакедонското однесување кон македонската држава и народ. Тоа се ѓубриња од времето на социјализмот, лесноумни ѕверки навикнати на власт и богатство и тие навики ги прават лесен плен на надворешните душогрижници на Македонија.

Тие донесоа и национална, и економски и социјални катастрофи, но наместо да бидат во затвор со целосна конфискација на украденото, продолжуват да бидат власт и да работат за уништувањето на државата.

Зошто бараат власт?

За да продолжат да крадат преку власта и да ја продадат државата како што ја продадоа државната сопственост и активата на странците, а парите си ги ставија в џеб. Бараат власт за да се оддолжат на Сорос, на странските служби, амбасади, асоцијации итн. кои добро ги плаќаат.

Друга причина зошто бараат власт е дека се лажни професионалци – новинари, професори, академици, дипломати, и се за потсмев и на студентите, и на граѓаните. Затоа се жалат дека ги бркаат од ресторани и продавници. И замислете, тие предавници со кои македонскиот народ не сака ниту да дише ист воздух, сакаат да го управуваат и притоа го навредуваат со најгнасни пцовки. Такви патолошки типови се за на психијатрија.

А, колку украле се гледа само од една пресметка. Кога управуваше СДСМ немаше ништо изградено, а истовремено немаше ниту пари. Сега опозицијата тврди дека само за „Скопје 2014“ биле „фрлени“ 500 милиони евра. Само што, ако вкупно за градење во Македонија сега се даваат милијарда евра, тоа значи дека толку милијарди, лидерите на СДСМ порано „фрлиле“ на своите странски сметки.

Втората причина зошто се навраќам кон проблемите околу осамостојувањето на Македонија е затоа што функционери од поранешната Комунистичка партија на Македонија (КПМ), проникнуваат во сите македонски партии и со тоа внесоа вируси на нихилизам и антимакедонство во нив. А, преку нивното лидерство, таквите вируси проникнаа и меѓу членовите и приврзаниците на тие партии. Ако на тоа ги дадеме соработката на СДСМ со грчките и на Љубчо Георгиевски со бугарските тајни служби, станува сосема јасно каде беше потрошен величенствениот македонски ентузијазам и енергија во почетокот на 90-тите години.

Резултат од тоа е и катастрофата од 2001 година, и Пржинскиот договор денес. Затоа што, од една страна нихилизмот се ширеше меѓу политичарите од сите бои, од другата – народот се разочара од мноштвото криминалци во државните институции.

Денес во Македонија навистина врие, бидејќи во последнава година и половина се прелеа чашата на народниот гнев. Затоа, дебело ќе се плаќа, не само за последново време, туку за сите уништени 25 години. Нашата држава не може да опстои, уште помалку да оди напред ако во нејзе постојат антимакедонски партии, групации, странски платеници, невладини петтоколонаши… Ако сакаме да имаме држава, ако сакаме да живееме слободно, ако сакаме македонските политичари да не потклекнуваат на секоја странска пизда, мора да ја исчистиме државата. А, почетокот на тоа листење се изборите на 24 април. Како што СДСМ сакаат да го чистат Избирачкиот список куќа по куќа, така, македонските патриоти по изборите мора да ја исчистат нашата државна куќа од сите гнаси. Институција по институција и организација по организација. До крај.

Со својот говор на 16-годишнината на конференцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, досегашниот и иден премиер Груевски даде надеж дека ја сфатил целосната одговорност на Владата по изборите. Дека денес се води борба за зачувувањето на Македонија како држава, за опстојувањето на македонскиот народ и идентитет. Дека народот мора да „си ја врати делумно одземената власт“ и дека тој „е господар на таа територија“.

За жал, ние и пред тоа сме слушнале слични ветувања, а потоа сме гледале непринципиелни попуштања пред странците и домашните предавници. Говорот на Груевски овој пат беше поостар во споредба со минатото. За прв пат, конкретно беа спомнати неколку учесници и „олеснувачи“ на Пучот против македонската држава: Катици и Ванхојтовци.

За почеток тоа е добро, но побитно е по 24 април тие зборови да се трансформираат во дејствија. Зборовите на Груевски беа во симбиоза со пораките на сите кои си ја сакаат Татковината и само од неговите дејствија зависи дали и колку време таа симбиоза ќе продолжи.

Меѓутоа, владеачката ВМРО-ДПМНЕ мора да престане да бара „извинување“ за криминалните дејствија како тоа на натрапникот-министер на МВР. Граѓаните не бараат извинувања ниту од Заев, ниту од Спасовски, ниту од Ременски… Тие бараат КАЗНИ.

Колку голема ќе биде довербата кон ВМРО-ДПМНЕ зависи од ПОДГОТВЕНОСТА ДА ПОПУШТА ПРЕД ОПОЗИЦИЈА И СТРАНЦИТЕ. Ниту за Избирачкиот список, ниту за медиумите. ЗАТОА ШТО, АКО ПОПУШТАШ ЗНАЧИ НЕМАШ САМОДОВЕРБА, ЗНАЧИ СТРАВУВАШ. А, македонскиот народ трпел безброј бескарактерни лидери, но ги почитувал само подготвените на саможртва.

За крај една забелешка.

Ако народот „е господар на таа територија“, на 24 април не „доаѓаат неговите 5 минути“. Затоа што цело време мора да биде негово. Доаѓаат 5-те минути за антимакедонските и антидржавните елементи – да се пакуваат брзо во затвори или на психијатрија.