понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Државата се брани до последен здив

StefanVlahovMitcov

Поврзани вести

ПРВАТА Е ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ ДА ВОСПОСТАВИ ЦЕЛОСЕНА КОНТРОЛА ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

За терористите одбивањето на мандатот не е доволно, зашто тие ќе си направат влада и без мандат. Како што избраа нелигитимен Претседател на Собранието. Претседателот Иванов има право (иако кога се брани опстанокот на државата е недолично да зборуваме за право) да воспостави таква контрола и тоа од членовите 124 и 127 коишто произлегуваат од Уставот заради загрозеноста на Македонија од Албанија и Косово, па преку нивните државни институции и лидери. Согласно овие членови, Претседателот има право да именува нова влада и сите други потребни функционери во државата. Така што може да бидат поставени; премиер, министри, како и судски органи за да можат и институциите да функционират. Тогаш, можат да се распишат и избори – парламентарни и локални. Може да биде распишано и Конституивно Собрание за нов Устав.

СЕ РАЗБИРА, ДЕКА ТАКВАТА ОДЛУКА ЌЕ НОСИ ТЕНЗИИ, НО ТАА Е ЕДИНСТВЕНАТА ИСПРАВНА МОЖНОСТ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ДА СЕ СТАВАТ ВО СЛУЖБА НА ДРЖАВАТА ЗА НЕЈЗИНА ОДБРАНА.

ВТОРАТА ОПЦИЈА Е ДОКОЛКУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈА НЕМА ХРАБРОСТА ТОА ДА ГО СТОРИ КАКО ШТО ТОА ГО СТОРИЛ АТАТУРК ЗА СВОЈАТА ДРЖАВА – еве едно потсетување; на 8 јули 1920 година, началникот на генералштабот го известил бунтовниот Мустафа Кемал дека ситуацијата во турската држава на сите фронтови била катастрофална – Кемал изјавил:

„Господа, дури и ако не една педесетина, туку целата наша земја биде опустошена и во пламен, ние ќе се искачиме на некој рид од нашата земја и ќе се браниме оттаму“.

ЗНАЧИ АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈА НЕМА ТАА ХРАБРОСТ, ТОГАШ МАКЕДОНИЈА И ДЕ ЈУРЕ И ДЕ ФАКТО ЌЕ БИДЕ ОКУПИРАНА. ТОГАШ ПРАШАЊЕТО ЗА ОПСТАНАКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ПАДНЕ ЦЕЛОСНО ВРЗ САМИОТ НАРОД. ТОА ЗНАЧИ, ИЛЕГАЛНА БОРБА СО ИЛЕГАЛНИ ПОТФАТИ ТАКА И ИЛЕГАЛНИ МЕДИУМИ, А СЕ’ ДРУГОTO Е ПОЗНАТО ОД НАШЕТО МИНАТО.

ТРЕТАТА ОПЦИЈА Е ОДЛУКА НА ГОСПОД, ВРЗ КОЈ НЕ ВЛИЈААТ ЧОВЕКОВИТЕ СТРАСТИ. Изборите во Холандија и Франција покажаа дека ЕУ ќе гине комплетно, дека ниедна тамошна земја нема да има шанси за спас. Изборите во Германија ќе го потврдат тоа. Наводно крајот на Европа се вклопува во плановите на светската влада во сенка (и Макрон беше избор на клановите Рокфелер-Ротшилд), но таа не сфаќа дека светската војна што ја турка, значи нејзин гибел).

ЗАКЛУЧОКОТ Е – ДОКОЛКУ ГОСПОД ОДЛУЧИЛ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ДА ИЗУМРЕМЕ, НЕМА ДА БИДЕМЕ САМИ ТУКУ ЌЕ БИДЕМЕ СО ЦЕЛАТА КРВОЛОЧНА СВЕТСКА ГРУПАЦИЈА. НО, ДОКОЛКУ ОДЛУКАТА Е ЗА НАШЕ СПАСЕНИЕ – ТОГАШ, ТОА НЕ Е МОЖНО БЕЗ ЖРТВИ. МОРА ДА ГО ЗАСЛУЖИМЕ СВОЈОТ СПАС КАКО ШТО ТОА МНОГУПАТИ ВО МИНАТОТО СМЕ ГО СТОРИЛЕ!

Најчитани вести