Државен студентски дом: Не е точно дека има недостиг на храна

Државниот студентски дом Скопје реагира на објавите во врска со недостигот на храна за корисниците на нашите услуги, од причина што ваквите манипулативни текстови и лиферувани информации со единствена цел-дискредитација на работата на домовите, стануваат вообичаена практика во овој период од годината , кога актуелно е сместувањето на студентите во нашите капацитети , но и во предизборните периоди.

„Информираме дека оброците се набавуваат на дневна основа, согласно одредбите во законските и подзаконските акти и согласно бројот на сместени студенти, кои се опслужуваат во вообичаените временски периоди од денот.

Со полна одговорност продолжуваме да работиме понатаму и во иднина бараме пред да биде објавен било каков текст со содржини слични на денешната, да се проверат состојбите и да се побара став и од страната која се критикува“, се наведува во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.