Државите членки на ЕУ треба да одлучат за отворање на поглавјата за Србија

Државите членки на ЕУ треба да го разгледаат оствареното во Србија и да одлучат за отварањето на новото поглавје. Европската комисија и Европскиот совет за надворешни министри доставија до советот на министри и членки на ЕУ препорака за отварање на поглавјето 35 во преговорите со Србија кое се однесува на прашањето за Косово, изјави Маја Коцијанчич, пренесе Танјуг.

На прашањето како ги коментира изјавите на српските власти дека со поглавјето 35 од Србија се бара да ја признае независноста на Косово, портпарилката на Федерика Могерини, вели дека државите членки треба да ги разгледаат постигнувањата на Србија и да се одлучат за отворањето на поглавјата.

Државите членки на ЕУ треба да одлучат за отворање на поглавјата за Србија
Државите членки на ЕУ треба да одлучат за отворање на поглавјата за Србија

Во согласност со рамката за преговори и пристапувањето на Србија кон ЕУ, Европската комисија и ЕЕАС ја подготвија и доставија до Советот на министри својата оцена за напредокот на дијалогот и им предложија на државите членки отварање на поглавјето 35, вели Коцијанчич.

Според нејзините зборови, процената се однесува на разгледување на договорот постигнат во дијалозите, односно на отворените прашања во примена.

Сега државите членки на ЕУ треба да го разгледаат оствареното во Србија и да одлучат за отварањето на новото поглавје, изјави Коцијанчич.