Државите кои не ги исполнуваат мигрантските квоти ќе бидат дадени на суд

Претставник на Европската комисија соопшти дека државите од ЕУ кои не ги исполнуваат мигрантските квоти ќе бидат дадени на суд.

Тој појасни дека дури одделни држави да гласале против или воздржано при прифаќање на квотите од Советот на ЕУ, решението за квотен систем е утврдено и следува да се извршува како законодавен акт што стапил во сила.

Оние кои не ги исполнуваат задолженијата согласно овој акт, ќе бидат предадени на Суд на ЕУ.

ЕК соопшти денеска дека до крајот на седмицата ќе испрати „многу остро“ писмо до Унгарија поради преземените промени во националното законодавство, поврзано со имиграцијата.

Според комисијата, проверките по внатрешните граници во ЕУ треба да се преземат како последна мерка.

ЕК пред неколку дена соопшти дека до крајот на годината ќе предложи да биде создадена Европска гранична полиција.