Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

По повод 105 години од раѓањето на Мајка Тереза, денес ќе биде доделена државната награда „Мајка Тереза“.

Добитници на оваа престижна награда, годинава се Сузана Тунева – Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди. Свечено денеска одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе им ги врачи признанијата на добитниците.

Инаку, државната награда „Мајка Тереза“ се доделува за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Изложба на фотографии на Мајка Тереза

Исто така, покрај доделувањето на државната награда „Мајка Тереза“ по повод 105 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во Спомен куќата на Мајка Тереза денеска ќе се одржи изложба на фотографии на Мајка Тереза со светски познати личности.

Изложба на фотографии на Мајка Тереза
Изложба на фотографии на Мајка Тереза

Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите на кои Мајка Тереза е со папата Јован Павле II, кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат, Едвард Кенеди, принцезата Дајана, сестра Нирмала.

Сите споменати фотографии се откупени од новинската агенција Асошиејтед прес, а изложбата ќе биде дополнета со цитати од познатите личности посветени на Мајка Тереза.

Проектот е реазлизиран со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а за откупените фотографии Спомен куќата доби перманентни авторски права за нивно користење.

Изложбата ќе се одржи во отворениот простор околу бунарот на Спомен куќата на Мајка Тереза.