петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 38

Државните институции ги стандаризираат геопросторните податоци

Претставници на 20 државни институции со користење европски искуства се обучуваат да креираат и стандардизираат геопросторни податоци во своја надлежност со што ќе овозможат да бидат достапни преку геопорталот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) на Катастарот.

Цицили

Поврзани вести

На тридневната работилница, што се одржува од денеска во Скопје во организација на македонскиот Катастар, претставници на Државната геодетска управа на Хрватска и на Шведскиот катастар, пренесуваат искуства за изработка на мета податоците и нивна валидација. Ќе се подготви и регистер на збирки на просторни податоци со кој точно ќе се дефинираат  надлежностите од 32-та сета просторни податоци кои ги има Македонија.

Целта на работилницата е да се зголеми свесноста за потребата од развивање и споделување геопросторни податоци преку сервиси, во согласност со европската директива Инспире

Ова е добра можност сите државни институции своите сетови на просторни податоци  да ги стандардизираат, тие што ги немаат да ги соберат, точно да се определи кој за што е надлежен, да се направат метаподатоци за производите кои ги имаат, и  сите сплотени заедно да се  објават односно да зрачат кон националниот геопортал, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Според Томислав Цицили од хрватската Државна геодетска управа,  воспоставувањето на националната инфраструктура на податоци влијае на транспарентноста на податоците од јавниот сектор во областа на просторните податоци. – Тоа е всушност првпат податоците  на јавниот сектор систематизирано и транспарентно да се претстават пред сите, што индиректно ќе  придонесе за зголемување на квалитетот на податоците, а крајните корисниците од едно место  ќе имаат пристап до сите податоци кои се креираат во јавниот сектор од едно место, што на сите ќе им го олесни животот, изјави Цицили.

Во Националната инфраструктура на просторни податоци на РМ членуваат 10 министерства, седум владини агенции, Град Скопје и две стопански комори. Законска должност на секој НИПП субјект е да креира метаподатоци на стандардизиран начин користејќи го националниот профил за метаподатоци, кој е достапен и на националниот НИПП геопортал.

Националната НИПП работилница е организирана во рамки на ИМПУЛС проектот за Западен Балкан, што се спроведува со финансии од Шведската меѓународна агенција за развој – СИДА.

Најчитани вести