Државата ќе финансира домашни и странски авиопревозници

Министсерството за транспорт и врски денес распиша јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година. Финансиската поддршка ќе се доделува врз основа на следниве критериуми: Барателот на финансиската поддршка е потребно да има остварено профит од најмалку 25.000.000 евра во 2013 година, потребно e да има превезено, односно опслужено најмалку 10 милиони патници во 2013 година, да ги реализира условите дадени во документацијата за барање и потребно е да ги исполнува условите за вршење на јавен превоз согласно Законот за воздухопловство,

Корисникот на финансиска поддршка треба најдоцна до 1. јули 2015 година да започне со оперирање на најмалку четири нови десринации помеѓу аеродромот „Александар Велики“ – Скопје и континтентална Европа, Пиринејскиот полуостров и Скандинавија, како и најмалку една нова дстинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и државите од континентална Европа и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка.

Новите дестинации да не се опслужувани со редовен превоз во последните две ИАТА сезони од аеродормите Александар Велики и Св. Апостол Павле -Охрид.

Најдоцна до 1 јули 2015 година да воспостави или да одржи база од најмалку еден воздухоплов на аеродормот Александар Велики во период за кој се додлеува финансиската поддршка.

Новите дестинации треба да бидат опсулужаени најмалку два пати неделно во која било од ИАТА сезоните по однапред определен ред за летање, истите да не се опслужувани со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони. Исто така, треба да биде изработен план за промоција и маркетинг.

Финансиската поддршка подразбира еднократен износ од 40.000 евра во денарска противвредност за секоја нова дестинација, 13 евра во денарска противвредност по патник во заминување во првата година, 12 евра во денарска противвредност по патник во заминување во втората година и 11 евра во денарска противвредност по патник во заминување во третата година.

Финансиската поддршка ќе се додели на барателот кој ќе понуди најголем број на дестинации од и до аеродромите, а во случај повеќе баратели да понудат ист број на дестинации, финансиската поддршка ќе биде доделена на барателот согласно принципот на првенство при поднесувањето на барањето за добивање на финансиска поддршка.

Рокот на валидноста на барањата е 30 дена од денот на јавно отворање кое ќе се одржи на 26.12.2014 година  во 12.00 часот, што претставува и краен рок за поднесување на барањата, а документацијата за барање за учество во постапката може да се подигне секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот кај Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка.

Проектот за доделување финансиска поддршка  за поттикнување и развој  на  воздушниот  сообраќај  во  Република  Македонија се имплементира заради  побрз  развој  на  цивилното  воздухопловство  и  формирање  на поконкурентни  и  подостапни  цени  во  воздушниот  сообраќај што директно значи подостапни летови за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.