Државен натпревар по информатика

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и Агенцијата за млади и спорт на РМ (АМС), денеска, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, ќе се одржи 26. Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија.

Настанот ќе го отворат претседателот на ЗИМ Миле Јованов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

На натпреварот ќе учествуваат најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар.

Натпреварот ќе започне во 10 часот во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет.