Спорт

Државен натпревар по таеквондо во Илинден

Државен натпревар по таеквондо во Илинден

Во недела во Спортската сала ,,Гоце Делчев” во Општина Илинден, во организација на таеквондо клубот „Илинден“, ќе се одржи државен натпревар во таеквондо.

Официјалното отворање на првенството ќе биде во 12.00 часот, а ќе го отвори покровителот на настанот, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

На натпреварот ќе учествуваат 8 клубови (Илинден, Бутел, Хваранг, Борец, Гоце Делчев, Тигри, Кобра и Корио) со над 160 учесници, во повеќе дисциплини.

sportska sala Goce Delcev