Државна парична помош и работа за невработените

Невработените до 29 годишна возраст, но и лицата од социјален ризик, оние со над 50 години старост или пак работниците кои останале без работа поради технолошки вишок, стечај или ликвидација имаат можност да добијат постојана работа преку владините мерки за вработување и финансиската помош што ја нуди државата, објави Канал 5.

Актуелни се мерките практиканство и обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување. Огласите за овие две мерки се актуелни се додека не се пополни бројот на апликации.

Огласите се актуелни може да конкурираат секој работен ден во рамките на Агенцијата за вработување, сите лица кои што се невработени кои бараат работа од кога агенцијата ќе ги добие нивните пријави тие ќе ги спојат со работодавците кои бараат определен профил на кадар кој што го исполнува лицето кое што бара, доаѓа до една комуникација помеѓу нив, до засновање на овој однос, привремен во кој што државата финансира значаен дел од платите, а понатаму во голем број на случаи и креирање на редовен работен однос на овие лица во компаниите во Македонија, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

Со мерката практиканство на младите до 29 годишна возраст им се укажува можност да работат во одредена компанија и во првите три месеци во добиваат по 6200 денари од државата. За мерката обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување во период од три месеци државата обезбедува по 6200 денари, во следните шест месеци по 14 000 денари за работниците и по 3000 денари за работодавачите, а тие имаат обврска потоа работниците да ги задржат на работа во следните 12 месеци.

– Се трудиме со нашите мерки за вработување да опфатиме што поголеми популации од населението. Во рамките на овие две мерки може да аплицираат лица кои се до 29 години, тука е особен фокусот на првата мерка со практиканството. За втората мерка можеби повеќе лицата кои се наоѓаат во определен социјален ризик и оние кои што имаат над 50 години старотст или останале без работа како технолошки вишок стечај или ликвидација, лицата кои потекнуваат од социјално ранливи групи, а се разбира и младите луѓе можат да аплицираат за втората мерка, вели Ѓорѓиев.

Досега 1050 лица како резултат на мерката практиканство добиле постојана работа, а со мерката обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување во изминатите неколку години се вработени над 4700 лица.

фото: Канал 5