Државната авиокомпанија на БиХ без авиони

Државната авиокомпанија на Федерација Босна и Херцеговина „БХ Ерлајнс“ може да остане без авиони, пишува денеска босанскиот весник „Дневни аваз“.

Авионите беа купени во 2005 на лизинг за 18,4 милиони долари. Согласно договорот лизинг компанијата треба да си ги земе авионите кога ќе истече рокот на закупот. Поради оваа причина државната авиокомпанија на Босна и Херцеговина од почетокот на наредната година ќе остане без авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.