Државната дума на Русија ќе го прифати законот за пристапувањето на Крим

До крајот на неделава Државната дума на Русија ќе прифати федералниот закон. што го дефинира статусот на границите и имињата на новите субјекти во Руската Федерација и ќе го ратификува меѓународниот договор за пристапувањето на Крим и Севастопол кон Русија, истакнал претседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин, пренесе „РИА Новости“.

„Подготвени сме во најкус можен рок и во целосна согласност со нормите на меѓународното право и регулираните процедури да ги прифатиме овие два закона. И ние задолжително ќе го направиме тоа до крајот на оваа недела“, рекол Наришкин.

Претседателот на Државната дума изразил уверување дека Уставниот суд на Русија ќе донесе позитивна одлука за договорот за влез на Крим во составот на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.