Државниот долг на Албанија на историско највисоко ниво

Државниот долг на Албанија достигна историско највисоко ниво, откако кон крајот на првото тромесечје годинава, изнесуваше 68,4 отсто од бруто домашниот производ, соопшти агенцијата АНА-МПА.

Економистите оценуваат дека заедно со 30-те милиони леки, кои Владата ги должи на претпријатија и фирми, нивото на долгот изнесува 70,4 проценти од БДП или 1,05 трилиони леки.

Официјалните статистички податоци на албанското Министерство за финансии покажуваат дека кон крајот на минатата година државниот долг на земјата изнесувал 977 милијарди леки.

Само за периодот јануари – март оваа година, државниот долг се зголемил за 43 милијарди леки.