Државниот испит во вторник на владина седница

181

Воведувањето на државниот испит на факултетите ќе се стави на дневен ред на владина седина, а  потоа конечниот предлог министерството за образование ќе го достави до засегнатите страни, универзитетите и студентите рече министерот за образование Адеми. Според министерот во него ќе се прецизира и работата на одборот од профеосри кој би го реализирал тестирањето.

 Адеми укажа дека не отстапуваат од тоа студентите да полагаат државен испит, исто како што од Студентскиот пленум  не отстапуваат  таков испит да не се реализира на високообразовните установи. Но, министерот не ја отфрла идејата за заеднички разговори  со студентите.
Прашањата за испитот  на студентите однапред ќе им бидат познати. Според најавите државнио испит  ќе почне да се спроведува  од  2017 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.