Државно поединечно првенство во куглање за сениори и јуниори

 Во кугланата„Мусандра” во ГТЦ-Скопје, вчеара се одржа официјална ждрепка за редоследот на натпреварувачи за настап на  Државното поединечно првенство за сениори и јуниори за 2014 година.

Првенството ќе се одржи на 13 и 14 декември (сабота и недела). На 13 декември натпреварувањето ќе се одржи во кугланата во СЦ „Борис Трајковски”, додека на 14 декември  во кугланата „Мусандра” во ГТЦ.  Натпреварите и двата дена ќе почнат во 10 часот.

На државното првенство се пријавија вкупно 32 натпреварувачи во машка и 9 во женска конкуренција.

Натпреварувањето ќе се одвива во две серии по 120 кугли, за победник ќе биде оној којшто  во двата дена ќе собори повеќе дрва – спрема техничкиот правилник на КФМ.

Резултатот на јуниорите(ките) се смета и за сениорска конкуренција, а право на настап имаа сите регистрирани играчи за 2014 година.

Победникот на Државното поединечно првенство за сениори и јуниори за 2014 година ќе ја претставува Македонија на Светскиот куп во куглање.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.