ДС бара да бидат донесени законите за СЈО

Демократскиот сојуз (ДС) на 5 октомври 2016 година до Собранието на РМ достави предлог закони со кои се предлага создавање законски можности, рокот за поднесување на обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство да се продолжи, како и обезбедување на услови за користење на заштитени сведоци од страна на СЈО во кривични постапки.

Согласно деловникот за работа на Парламентот, соопшти денеска ДС, нема никакви пречки законите да бидат ставени на разгледување и нивно донесување.

Со промените, се посочува во соопштението од ДС, Парламентот ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и соочување со правдата на сите оние кои ги кршеле законите и се стекнале со капитал на криминален начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.