Македонија

ДС: ЕУ да се вклучи во санирањето на штетите од поплавите

ДС: ЕУ да се вклучи во санирањето на штетите од поплавите

Демократскиот сојуз апелира до Европската унија да се вклучи во санирањето на штетите од поплавите кои ја зафатија Република Македонија.

Невремето и обилните врнежи, велат од партијата, предизвикаа огромни штети во голем број населени места (Штип, Прилеп, Битола, Радовиш, Струмица, Куманово и др.) поради што е неопходна солидарност од сите граѓани, соседните земји, како и од страна на Европската унија.

-Демократскиот сојуз предлага Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за помош од Европската Унија и да достави официјално барање за надминување на последиците од елементарната непогода која зафати голем број подрачја во нашата држава. Водената стихија направи огромни директни и индиректни штети, ги наруши речните корита на повеќе реки, за чие санирање можностите се ограничени од страна на буџетот на Република Македонија, поради што сметаме дека треба да се побара помош и солидарност, се вели во соопштението од ДС.