ДСПДП: За 19 отсто е зголемено насилството меѓу малолетниците

За 19 отсто е зголемено насилството и кршењето на законите од страна на малолетниците, соопшти денеска Сржавниот совет за превенција од детско престапништво.

Како што наведуваат во соопштението, причината за нивното денешно обраќање е крвавата тепачка која се случи синоќа во Охрид, а главни актери се малолетниците.

„Државниот совет за превенција од детско престапништво со жалење ја прими оваа вест и заради тоа најостро го осудува овој немил, крвав, настан и при тоа апелира дека крајно е време родителите да ја понесат одговорноста за тоа, што прават нивните деца (малолетници) посебно во раните утрински часови препуштени само на себе “, велат од ДПСДП.

Според податоците на ДПСДП содржани во Годишниот извештај на Државниот совет, за 2013 година, во кој е констатирано дека:
• Споредено со податоците од 2012 година, во 2013 година се бележи зголемување на бројот на малолетници во судир со законот за 19%.
• Овој пораст особено е изразен во СВР -Велес каде што се констатира пораст на бројот на поднесени кривични пријави за 106% и во СВР Скопје за 65%.
• Како и тоа дека 94% од децата-малолетниците на кои им е изречена некавна мерка согласно важечките закони во РМ, за сторени кривини дела, за жал, се деца од комплетни семејства и т.н

Односно, се позачестените констатирани социо-девијантни, криминални, општествено штетни и недозволени појави чии директни актери се децата(малолетниците), од една страна, како и се почестите апели од страна на надлежните инститииции и лица, до родителите за сето ова, од друга, очигледно досега не дадоа никакви позитивни резултати. Сето ова не ги освести родителите за да преземат одредени превентивни активности со кои најнапред ќе се надминат себеси а потоа и ќе помогнат во надминување на овој крајно загрижувачки проблем со кој сериозно се соочува Р.Македонија во изминатите неколку години. Тие и понтаму се однесуваат индиферентно, незаинтересирано, забораваејќи дека се родители на деца-(малолетници). При вакви случувања тие не може себеси да се амнестираат и постојано да ја фрлаат вината врз иституциите во државата, односно, дека, некој друг тоа треба да го стори а не самите тие.

Заради сето ова Државниот совет за превенција од детско престапништво предлага надлежните институции во државата да ја зголемат одговорноста со заоштрување на санкциите кон родители кои:
-ќе покажат индолентен, не одговорен и не совесен однос спрема своите деца(малолетници),
-ќе манифестираат злоупотреба и занемарување,

Односно, крајно е време да се казни родителската негрижа кон своите деца-малолетници, се вели во сооптението.