Дубаи: Запленета дрога вредна 31,3 милиони долари

Полицијата во Дубаи запленила рекордна количина на дрога, во која што имало 4,6 милиони пилули „каптагон“, во вредност од 31,3 милиони долари, објавија локалните медиуми.

Шефот на полицијата во Дубаи, генерал мајор Камис Матар ал Мазеина, на кој се повикал дневниот весник „Калеј тајмс“, изразил задоволство од оваа заплена и ја нарекол „тежок удар“ на трговците со дрога во Емиратите.

Тој изјавил дека во трговијата со дрога биле вклучени пет лица од различни арапски националности, од кои тројца се уапсени.