Дуда Ивковиќ доби лош подарок за роденден – пораз

Екипата на Цедевита се потруди да го расипе роденденското славје на легендарниот Душан Дуда Ивковиќ, кој вчера наполни 72 години.

Така би можел да се опише триумфот на хрватскиот шампион на гостувањето кај Ефес (80:75).

За клубот од Загреб ова беше прва победа во Евролигата сезонава, а со тоа избраниците на Ивковиќ го забележаа првиот пораз во најквалитетното континентално натпреварување.

Гостите до триумфот во Истанбул стигнаа благодарение на одличната партија во последната четвртина, а херој на натпреварот беше Миро Билан со дабл-дабл учинок, од 20 поени и 10 скока.

Каталонците го одиграа најдобриот натпревар сезонава и ја забележаа втората победа во групната фаза, откако вечерва пред своите гледачи не му дадоа ниту грам надеж на Панатинаикос да се понадева на поволен исход од вечерашното гостување.

Избраниците на Пасквал доминираа во поголемиот дел од натпреварот, а клучната предност ја направија во втората четвртина кога се стекнаа со предност од 18 поени разлика 42:24, а на големиот одмор заминаа со плус 14. Во последните десет минути Каталонците му го зададоа завршниот удар на противникот, па на крајот на семафорот стоеше 77:52.

Група А:

Фенербахче – Реал Мадрид (утре)
Химки – Црвена звезда (утре)
Баерн – Стразбур (утре)

Табела: Реал Мадрид 1-1, Химки 1-1, Баерн 1-1, Стразбур 1-1, Црвена звезда 1-1, Фенербахче 1-1

Група Б:

Лимож – Лаборал куча 71:107
Анадолу ефес – Цедевита 75:81
Олимпија Милано – Олимпијакос (утре)

Табела: Лаборал куча 2-1, Анадолу ефес 2-1, Олимпијакос 1-1(-1), Олимпија Милано 1-1(-1), Лимож 1-2, Цедевита 1-2

Група Ц:

Каршијака – Жалгирис 66:68
Барселона – Панатинаикос 77:52
Зелена Гора – Локомотив Кубан (утре)

Табела: Локомотив Кубан 2-0(-1), Барселона 2-1, Жалгирис 2-1, Панатинаикос 1-2, Каршијака 1-2, Зелена Гора 0-2(-1)

Група Д:

ЦСКА Мосвка – Броус баскет 83:77
Макаби тел Авив – Сасари 79:63
Уникаха – Дарушафака (утре)

Табела: ЦСКА 3-0, Уникаха 2-0(-1), Дарушафака 1-1(-1), Броус баскет 1-2, Макаби тел Авив 1-2, Сасари 0-3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.